СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ДОСЛЕДНО ЈА СПРОВЕДУВА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!
Подмолниот план на предавниците го предвидовме уште во март кога Директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симевски, најави дека пописот во 2020, ќе се спроведува без графата за етничка припадност. Тогаш неговите оправдувања беа дека етничката припадност била стара пописна категорија која била важна само во поранешна Југославија.
МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ПОГЛЕДНЕТЕ И НА ВИСТИНАТА ВО ОЧИ! КОГА ПРЕДАВНИЦИТЕ ВОВЕДУВАА ДВОЈАЗИЧНОСТ СЕ БРАНЕА СО 20 ПРОЦЕНТИ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА! АЈДЕ СЕГА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР МОРА ДА СТАНЕ КОНСТИТУТИВЕН ДОКУМЕНТ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ, АКО СПОРЕД НИВ ПОПИСНОТО ПРАШАЊЕ ЗА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ БИ БИЛО ПОЛИТИЗАЦИЈА? СРАМ И АРАМ НЕКА ВИ Е ШТО ГО ПОНИЖУВАТЕ СОПСТВЕНИОТ НАРОД!
Попис мора да има и ќе има во согласност со потребите и спецификите на Република Македонија. Доста е веќе од задоволување на уцените на Али Ахмети и ДУИ.
ДОСТА СЕ ПАЗАРИТЕ ЗА ВАШИТЕ ФОТЕЉИ! БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕСПОСОБНОСТА НА НЕКОЛКУ ИЗРОДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СТАНЕ ГОСТИН ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ ФРЛАТ ВО ВЕТЕР 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА!
Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира својот предлог претседателот на следната Државна пописна комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе биде предложен од Македонската дијаспора и кој не бил вклучен во претходните срамни политички пазари.
МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА ПОМИНАЛА МНОГУ ПРЕМРЕЖЈА И ОПСТАНАЛА, ЌЕ ВЕ ИЗДРЖИМЕ И ВАС И ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски