Симон Трпчески својот настап во Ливерпул го посвети на денот на ослободувањето на Скопје

Нашиот и светски познат пијанист, Симон Трпчески непосредно пред својот вечерашен настап во Ливерпул не потфрли во својата улога на амбасадор на Македонија со тоа што на својата официјална фејзбук страница оваа концертна изведба ја посвети на денешниот празник, 13 ти Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Трпчески споделувајќи автентична фотографија од пробата пред концертот во St.George Hall во Ливерпул, напиша дека се спремни по повод празникот на денот на неговото место на раѓање, Скопје.

“Ready for tonight!
The gorgeous St.George Hall!
For the special day of my birthplace – Skopje,
Capital city of Macedonia, the day of Skopje’s Liberation”

Во продолжение, споделуваме промотивен  видео – материјал од проектот “Македонисимо” , што во автентичен превод би значело “ептен македонски” со кој Трпчески ја промовира македонската музика низ целиот свет во текот на изминатата година и проек кој ја воодушевува светската публика со волшебството од музика преработена на класичен начин:

MAKEDONISSIMO Promo video, Wigmore Hall, January 21, 2018