СДСМ: Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност

Антизападниот бранител на криминалот Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги ставија сите свои капацитети во одбрана на криминалот на нивниот ментор, Никола Груевски.

Мицкоски и Јанушев срамно ги навредија сите граѓани кои бараат Груевски да не се крие, да се соочи со одговорноста и да ја издржи казната. За раководството на ВМРО-ДПМНЕ, новинарите и јавноста се „медиумски загари“ само поради тоа што прашуваат каде е Никола Груевски, зошто се крие и има ли срам? Наместо да ги навредува новинарите, Мицкоски да каже дали Груевски треба да одговара за криминалите? Или Мицкоски го оправдува бегањето на Груевски и неговото криење од правдата?

Груевски се потврди себеси како срам за јавноста, се потврди себеси за лажен патриот, криминалец кој се крие од правдата, а Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се потврдија како бранители на неговиот криминал.

Груевски го допре дното, Груевски падна на најниско ниво, криминалецот не собра храброст да се соочи со казната за сопствените злодела.

Груевски треба да разбере дека нема да може да побегне од правдата, нема да побегне од одговорноста.

Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за кој има правосилна пресуда ќе одговара за своите постапки.

Правда мора да има и правда ќе има.