Соопштение за јавност за 3-от Конгрес на „Виножито“

Почитувани,

 

Македонската Алијанса го честита успешниот Конгрес на „Виножито“, кој се одржа во Горно Врбени – Леринско. Фактот што се повеќе млади Македонци од Егејска Македонија изразуваат интерес за активностите на „Виножито“ и се вклучуваат во органите на партијата, е уште една потврда дека Македонскиот народ никогаш нема да дозволи да биде обезличен и да му се избрише идентитетот. Во таа насока, го поздравуваме заклучокот на 3-от Конгрес за реафирмирање на ставотот на „Виножито“ дека се против промена на Уставното име на Република Македонија.

 

Целосно ги поддржуваме барањата на „Виножито“, Грција конечно да го признае Македонскиот народ и јазик, да овозможи настава на Македонски јазик во нивниот образовен систем, уште еднаш да се побара од Грчките власти да го почитува решението на Судот за човекови права во Стразбур и да изврши регистрација и да дозволи непречено функционирање на Домот на културата во Лерин.

 

ГИ ПОВИКУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА ГИ СЛУШНАТ БАРАЊАТА НА НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА! АКО СЕ ТОЧНИ ШАРЕНИТЕ ЛАГИ НА ИЗРОДИТЕ ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС ГО ПРИЗНАВА ПОСТОЕЊЕТО МАКЕДОНСКИ НАРОД, ТОГАШ ЗОШТО НЕ ГО ПРИЗНААТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА? НИВНАТА ГОЛГОТА И НЕМОЖНОСТА ДА ГИ УЖИВААТ УНИВЕРЗАЛНИТЕ ЧОВЕКОВИ ДЕМОКРАТСКИ ПРАВА СЕ ЖИВО СВЕДОШТВО ЗА ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! СО ГЛАСАЊЕ ЗА КУКАВИЧЛУКОТ НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД НИВ И ИМ ГИ ОДЗЕМАТЕ НИВНИТЕ ИСТОРИСКИ КОРЕНИ. НЕ МОЖЕ ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР ДА БИДЕ ПОВАЖЕН ОД НАЈГОЛЕМАТА ИСТОРИСКА НЕПРАВДА ШТО МУ Е НАПРАВЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО БУКУРЕШТАНСКИОТ ДОГОВОР. ПОГЛЕДНЕТЕ И НА ВИСТИНАТА ВО ОЧИ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА