БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ТАТКОВИНАТА СТАНУВА БИНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА!
Не е доволна срамната амнестија на Хашките случаи, ниту смисленото опструирање на пописот, ниту кукавичкото блокирање на Законот за Македонските бранители, ниту насилничкото назначување на Талат Џафери за Претседател на Македонското Собрание, ниту Законот за двојазичност, ниту понижувањето на Македонскиот народ со вметнувањето на Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата и негово прогласување за темел на Македонската Државност, сега Али Ахмети и ДУИ ќе инсистирале да се исполни нивната уцена за консезуален Претседател на Републиката!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ГОСТИН ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ И ПОНАТАМУ АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР ДА ЈА ДОЖИВУВА МАКЕДОНИЈА КАКО СОПСТВЕН ПЛЕН! НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ БАРААТ ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД, ПРЕКУ ГЛАВА ИМ Е ОД ХИРОВИТЕ НА ДУИ КОИ САКААТ ВЕЧНО ДА СЕ НА ВЛАСТ!
Не може кадрите на ДУИ кои по Охридскиот Рамковен Договор се вработени во администрацијата, да не одат на работа и да земаат плата. Не може Вицепремиерот на ДУИ, Хазби Лика, да не оди на работа, а да троши народни пари. Македонија не е приватно гранапче на Али Ахмети и ДУИ!
ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИЗБЕРАТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН ВО СВЕТСКИ РАМКИ, ПОЛИТИЧАР КОЈ ЗНАЕ ДА ИМ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ, ЧОВЕК СО МЕЃУНАРОДЕН УГЛЕД КОЈ ЗНАЕ КАКО СЕ ШТИТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
ДОСТА БЕА ПОНИЖУВАЊА! ДА КАЖЕМЕ СТОП НА ПРЕДАВНИЦИТЕ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА