Министерот Арбер се сретна со турската амбасадорка Еркан Кара

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска оствари средба со амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара со која разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји, како и идните заеднички активности.

Министерот Адеми, како што соопшти ресорното Министерство, ја запознал амбасадорката со реформските заложби за квалитетно образование и унапредување на меѓународната соработка при што нагласил дека еден од приоритетите на македонската Влада е приближување на квалитетот на образованието со образованието во високо развиените земји.