Ревија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“

Модна ревија насловена „Made in Macedonia: Почетоци и  еволуција“ со учество на пионерите на македонската мода ќе се одржи вечер во Музејот на Македонија.

Настанот е во организација на „Добредојде“ Македонија Велком центарот, во соработка со Амбасадата на Франција и Музејот на Македонија. Ревијата ќе ја отвори Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.

-Првите македонски дизајнери ги претставуваат артизмот, формите, методите и безвремноста во својата работа од почетоците до денес. Овие пионери на македонската модна сцена денес се етаблирани имиња, кои со својот автентичен дизајнерски потпис се трајно вградени во нејзините темели, наведуваат организаторите.

На модниот спектакл ќе се претстават: Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Јана Манева – Чупоска, Силвија Михајловска, Ивана Кнез, Тања Кокев, Антонија Ристовска, Олгица Ѓорѓиева и Розе Трајчевска, докажани македонски дизајнери во чии трудови доаѓа до израз македонскиот карактер на нивните креации.