ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА ГИ ЛАЖЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ И МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ! ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС НЕ ПОМИНУВА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ!
Панос Каменос ќе излезе од Владата на Алексис Ципрас доколку ратификацијата на Договорот стигне на дневен ред во Грчкиот Парламент. Не случајно на воената парада во Солун пред Каменос, Грчките војници скандираа „Македонија е Грчка“, како потврда на неговиот иредентистички став дека никогаш нема да согласи името Македонија да го има во решението за спорот. Претходно оставка си даде архитектот на Договорот Заев – Ципрас, шефот на Грчката дипломатија, Никос Коsијас, со образложение дека Грчкиот Премиер застанал на страната на Каменос. Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос изјави дека официјална Атина не признава постоење на Македонска нација туку само државјанство. Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во „Нова Демократија“ го прозива Ципрас да одговори дали ги прифаќа предложените амандмани од Владата на Заев, кои според него го потикнуваат Македонскиот иредентизам.
МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ НЕ СМЕАТ ДА ДОЗВОЛАТ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ГО ПОНИЖАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ГРЦИЈА ДА НЕ ВЛЕЧЕ ЗА НОС! ГРЦИЈА Е ОСУДЕНА ЗЕМЈА ОД ХАШКИОТ СУД ЗАРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА!
Немакедонската Влада нема гаранции дека велепредавството е гаранција за брза евроатланска интеграција на Северна Македонија. Ако поминат нивните намери да ја фалсификуваат историјата и да вметнат во Уставот дека во 1991 година на референдумот Македонскиот народ гласал за Северна Македонија, да ги избришат одлуките на АСНОМ, да го вметнат Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата како конститутивен документ, штетите ќе бидат огромни бидејќи тоа ќе значи дека Република Северна Македонија е нова Држава кој живее народ кој нема никакви историски корени.
ДОСТА БЕА ПОНИЖУВАЊА! ДА КАЖЕМЕ СТОП НА ПРЕДАВНИЦИТЕ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА