Објавен 16. конкурс за наградата „Жан Моне“

Делегацијата на ЕУ и Советот за етика во медиумите го објавија 16. издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Градење доверба во несигурни времиња”.

Наградата Жан Моне ќе биде доделена во три натпреварувачки категории – најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет), најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на
интернет) и најдобра аматерска фотографија.

На конкурсот за најдобра новинарска сторија учествуваат чии автори се новинари од државата и се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”. Сториите освен ова треба ги исполнуваат следниве критериуми: да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година, да се потпишани со вистинското име на авторот.

Новинарите да испратат копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот.

Конкурсот за најдобра репортерска фотографија е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може
да поднесат до 3 фотографии на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, објавени во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година. Критериум е и фотографиите да не се користени за комерцијални цели.

Тие треба да достават копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот.

За најдобра аматерска фотографија конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Нашата различност, наша сила”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени. Фотографиите не смеат да се користат за комерцијални цели.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по една фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса.

Жирито ќе се состои од седум члена – претставник од Делегацијата на ЕУ, СЕП, минатогодишниот победниици во рамки на категориите за најдобра репортерска фотографија и најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот, како и почесен претседател на жирито.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 декември.