Претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, предвидено е Соботка да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. По средбата предвидени се изјави за медиумите.
Австрискиот гостин ќе има и обраќање пред пратениците на закажаната 63. собраниска седница.
Претседателот на австрискиот национален совет предвидено е да се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, и членовите на оваа комисија.