Пратеникот Китев на Парламентарна конференција во Дубровник

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа Бетиан Китев, на 6 ноември 2018 година ќе учествува на Парламентарна конференција на тема „Градење на демократска безбедност на Медитеранот, заеднички предизвици, поделена одговорност“, што се одржува во Дубровник, Хрватска.

Конференцијата е во организација на Комисијата за политички прашања и демократија, во која членуваат шефовите на Делегациите на земјите членки на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а агендата предвидува обраќања на претседателот на Парламентот на Хрватска, Гордан Јандроковиќ, претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Лилијан Мари Паскер, министерката за надворешни работи на Хрватска, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, претседателот на Групата држави против корупцијата (ГРЕКО), Марин Мрчела, претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио…

Како што соопшти собраниската прес-служба, пратениците ќе дебатираат на неколку теми, и тоа за придонесот на Советот на Европа кон концептот за демократска безбедност, промовирањето на доброто владеење и механизмите и алатките на Советот на Европа за справување со заканите врз владеењето на правото, заштитата на човековите права и дерадикализацијата, зајакнувањето на демократските институции преку уставни и правни реформи, како и партнерството за демократија со Парламентарното собрание на Советот на Европа како платформа за меѓупарламентарна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *