СДСМ: На Мицкоски му е поважна иднината на Груевски од иднинатата на Македонија

Мицкоски потврди: иднината на неговиот ментор Никола Груевски му е поважна од иднината на Македонија, затоа е против ЕУ и НАТО

Антизападниот пион Христијан Мицкоски вечерва потврди дека неговата единствена политичка агенда е амнестија за неговиот ментор и носител на криминалот и режимот Никола Груевски. Ништо друго.

Вечерва антинародниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговарите на заедничка тема, иднината на Груевски и личните моменти.

Со ова признание Мицкоски уште еднаш јавно признава дека тој и актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се дел од истата криминална матрица на Груевски.

За антизападниот Мицкоски поважна односно единствено важна е иднината на Никола Груевски, наместо иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Затоа пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ отворено работат против ЕУ и НАТО, против македонската иднина.

Овие признанија на антизапдниот Мицкоски се уште една причина и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат процесите во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

На изолираниот Мицкоски и на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека не можат да го одбранат криминалот на Груевски.