Македонија со СДСМ веќе не е слободна и демократска држава. Државата e заложник на аболицираниот Зоран Заев кој ги зароби институциите со цел да го заштити сопствениот криминал и да си обезбеди слободен терен за продажба на државните интереси.
СДСМ и Зоран Заев по примерот на комунистичките режими го направија последниот чекор да ја спречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Власта преку заробеното судство го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знае дека партијата е последниот бедем кој застана во одбрана на државата и државните интереси.
Целта е да се спречи политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото спротивставување на грабежот кој го спроведува криминалниот картел на СДСМ и продажбата на се што е македонско.
Со ваквиот потег СДСМ ја направи Република Македонија единствената земја во Европа каде власта преку заробеното судство замрзнува имот на опозициска партија, само затоа што не се согласува со нејзините антидржавни политики.
Партиското послушно судство за да му удоволи на аболицираниот Зоран Заев неосновано и без никаква правна аргументација го прифати барањето на СЈО-СДСМ. Судот го занемари фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, а исто така се занемари и одлуката на Апелација која го веќе еднаш го отфрли ваквото барање. Токму затоа причините за ваквата одлука се исклучиво политички мотивирани и имаат за цел да се уништи секое поинакво политичко размислување и дејствување кое се разликува од антидржавните политики на Заев и СДСМ.
За партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд не е важно што се повредени протоколите и праксата на Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за заштита на човековите права, за нив важно е да му се исчисти патот на Зоран Заев за целосно бришење на македонскиот идентитет и конечна капитулација на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно судот да се ослободи од прангите на власта и да се укине решението за замрзнување на имотот затоа што истото е неосновано, противправно и недозволено.
Заканите, уцените и блокадите нема да го исплашат ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите потези само укажуваат дека партијата е на вистинската страна во одбрана на државата и дава дополнителна мотивација во одлучноста за борбата за Македонија против оваа антимакедонска и антидржавна власт.
За ова политичко насилство и обид да се забрани опозициско дејствување некој мора да сноси и лична и политичка одговорност. Заев и СДСМ за многу брзо ќе се соочат со граѓаните и ќе заминат во историјата како единствена власт која ги продавала националните и државни интереси за да ги спаси сопствените криминали. Република и Македонија и граѓаните ќе победат!