СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја имаат истата криминална матрица на Груевски

Се докажува дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски ја имаат истата криминална матрица на нивниот ментор Груевски, затоа се против НАТО и ЕУ.

Спрегата помеѓу криминалите на Никола Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Хидро Мицкоски излегоа на виделина.

Пионот Мицкоски, преку неговата „Енерготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и државно земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски.

Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.

Димитар Димовски поседува земјиште во Берово од над 14 илјади квадратни метри, а негов прв сосед е токму Миле Јаниакиески кој има парцела од над 16 илјади квадратни метри.

Двете парцели, од вкупно над 30 илјади квадратни метри порано биле сопственот на Република Македонија.

Молкот од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие врските на актуелното антизападно раководство предводено од Хидро Мицкоски со Никола Груевски и неговиот соработник Јанакиески.

Се докажува дека актуелното антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и затоа тоа отворено работи против интеграција во ЕУ и НАТО.