Во нормативниот текст на уставните промени ќе биде ставена гаранција на идентитетот на македонскиот народ, односно трите основи што го детерминираат идентитетот, а тоа се културата, историското наследство и јазикот. Тоа го истакна министерката за правда Рената Дескоска денеска во Охрид каде учествува во работата на Работилницата посветена реформите на правосудниот систем.
-Владата има рок до утре да ги достави на нацрт-амандманите до Собранието за уставните измени. Спроведни се консултации со осумте пратеници од опозицијатга кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување одредба што ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Наша сугестија за која посигнавме заеднички договор беше тоа да биде во рамки на нормативниот текст, каде еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гранција на идентитетот на македонскиот народ. Тоа ќе биде формулација што се однесува на културата, историското наследство и јазикот. Ние веќе имаме одредба која се однесува на јазикот, значи ќе биде ставена одредба што ќе гарантира заштита и развивање на културното наследство и историјата на македонскито народ, рече Дескоска.
За измените во делот на премабулата на Уставот, таа истакна дека преку разговори со Република Грција се работи на конкретизирање на актите од АСНОМ, поточно делот од Манифестот каде се повикува на национална борба во соседни држави, во во тој аспект воедувањето на Прогласот до македонскиот народ за одлуките на АСНОМ.
-Премиерот предупреди дека нема потреба од отворање Пандорина кутија, оттаму што секогаш може да се оди повеќе со измени на Уставот. Сите сме свесни дека има многу прашања што во Уставот се недоволно регулирани. На пример гледате дека имаме проблем со ветото на претседателот, тоа не е прецизирано, ниту што со непотпишувањето на неговите акти. Имаме препорака од ГРЕКО која укажува дека во Уставот треба да измени за исклучување на министерот за правда од Судскиот совет. Значи правиме сериозни анализи за сите работи што сме ги мапирале како проблем, рече Дескоска.
Таа укажа на сериозноста на моментот, причината и поводот што на крајот и доведоа до иницирање на процесот за уставните измени.
-Сметам дека не треба да се отежнува дополнително овој процес, кој е тежок, комплициран во обезбедувањето на двотретинско мнозинство. Се надевам дека сите партии ќе имаат свест за моментот и причините за уставните измени, рече Дескоска.