Писмена реакција за предистрагата за Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов

Почитувани,

Не постои поголем срам за правната држава да се поведува предистражна постапка за Претседателот на Републиката заради тоа што го брани Уставот и не го потпиша указот за прогласување на Законот за двојазичност и Договорот Заев – Ципрас, со кои се силува вољата на Македонскиот народ. И тоа по анонимни кривични пријави! Тие што сакаат да го гонат Ѓорѓе Иванов и самите се свесни што прават и затоа кукавички се кријат!

ТАТКОВИНАТА СЕКОГАШ ПАТИ ОД СВОИТЕ ИЗРОДИ И ПРЕДАВНИЦИ! ПОРАНЕШНИ ПРИПАДНИЦИ НА УЧК ЌЕ ИЗВРШУВААТ НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, А ЌЕ СЕ ГОНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОШТО ГИ БРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! АМНЕСТИРАА ХАШКИ СЛУЧАИ И ГИ ОСЛОБОДИЈА ОД КАЗНА СТОРИТЕЛИТЕ НА НАЈГНАСНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ, АМА ПОВАЖНО Е ДА СЕ ИЗГНАСИ И ДА СЕ ИЗВАЛКА ОНОЈ ШТО ГО БРАНИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ!

Ја прашуваме немакедонската Влада и Јавното Обвинителство, зошто по службена должност не реагираа на насилниот избор на Талат Џафери за Претседател на Македонското Собрание, што беше и непосреден повод за немилите настани на 27 април? Заборавија ли како истиот Талат Џафери со читање литература го спречи донесувањето на Законот за бранители? Кои се виновниците за опструирањето и политизирањето попис на една статистичка операција како попис? Зошто не се отвора прашањето за прекршувањето на Уставот со тоа што шефот на Државата како надлежен за надворешната политика не беше инволвиран во процесот на преговори и склучување на Договорот Заев – Ципрас? Во чие име и со кој мандат се негира референдумската одлука од 30-ти септември на Македонскиот народ за најважното национално прашање? Нели е тоа кривично дело?

Македонската Алијанса го охрабрува Претседателот, Ѓорѓе Иванов, да остане доследен на претходните позиции и да го издржи притисокот што му се прави. Највисока патриотска должност за Претседателот на Републиката сега да го преземе најголемиот дел од товарот на демократската битка за застанување на патот на немакедонската Влада и нејзините нови соработници. Ниту еден партиски лидер, претставник или функционер нема мандат да ја игнорира јасно изразена воља на Македонскиот народ, кој рече НЕ на предавството. Сите политичари МОРА да и служат на Татковината и на народот, а не Татковината да им служи ним!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА