Соопштение за јавност за уставните амандмани

Почитувани,

 

Денес е 10 ден од кога 80 пратеници решија да не ја есапат вољата на Македонскиот народ и да извршат политичко силување на демократијата. Се очекува немакедонската Влада да ги достави до Македонското Собрание Уставните амандмани. Доаѓа моментот на вистината!

 

Македонскиот народ ќе го види предавството на Заев, Димитров и Шекеринска на дело! Сега капитулантскиот чин ќе добие своја форма и точно ќе се знае колку ќе боли доколку Договорот Заев-Ципрас на сила целосно се спроведе во Македонското Собрание. Пратениците ќе се соочат со суровата реалност и потенцијалната штета која треба да му ја направат на сопствениот народ. Треба да изгласаат обезличување на Татковината и Македонскиот народ за да спасат тројца предавници кои го ветиле невозможното.

 

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ГИ ПОВИКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА СЕ ОСВЕСТАТ! ДОСТА Е ОД ЛАГИТЕ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ! НЕКА СЛУШНАТ КАКО ВЧЕРА ГРЧКИТЕ ВОЈНИЦИ СКАНДИРАА ВО СОЛУН ДЕКА „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“! ЗАЕВ ТВРДЕШЕ ДЕКА СО КАПИТУЛАЦИЈАТА ВО ПРЕСПА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е ЗАГАРАНТИРАН, А СЕГА БАРА ПРЕДЛОГ АМАНДМАН ЗА НЕГОВО ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАЈАКНУВАЊЕ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е СВЕСНА ДЕКА ГНЕВОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СТАНЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ КОГА ЌЕ ГИ ВИДИ АМАНДМАНИТЕ! ЗАТОА МОЛАТ БОГА ДА ЈА ПОДЕЛАТ ОДГОВОРНОСТА!

 

Уште еднаш го реафирмираме нашето барање Претседателот на Републиката да издејствува ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ во Македонското Собрание пред започнување на дебатата за Уставните амандмани кои немакедонската Влада ќе им ги сервира на пратениците. Иванов има патриотска должност во рамки на своите Уставни надлежности да ги брани Македонските национални интереси.  

 

 

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА