Одлука на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на Мијалков од партијата

Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно Статутот, член. 27, став 1, алинеја 17 и Член 16, став 1, алинеја 4 а врз основа на Член 5, став 1 од Правилникот за Дисциплинска одговорност на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 23.10.2018 година ја донесе следнава:

 ОДЛУКА

Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалов на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата.