СДСМ: Мицкоски е антимакедонски и антизападен пион во рацете на Груевски

Христијан Мицкоски вечерва го потврди она што граѓаните веќе многу добро го знаат: дека е тој не е ништо друго освен антимакедонски и антизападен пион во рацете на Никола Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски не пропушта прилика да им докаже на сите граѓани дека е против ЕУ и НАТО и дека по секоја цена работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

Добро за Македонија е фактот што анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски се поразени од граѓаните, од мнозинството пратеници во Собранието па дури и од сопствената партија.

Потонати во изолација и во сопствениот мрак што го промовираат, Мицкоски и Груевски покажуваат голема нервоза соочени со поразот што им се случува.

Посетите на високи претставници од демократскиот свет на земјава кои го заобиколија Мицкоски, меѓу кои и претставникот од САД, се уште една потврда дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ останува во длабока изолација.

Колку и да е неприфатливо за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и нејзините граѓани незапирливо чекорат кон иднина и  интеграција во ЕУ и НАТО, врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во изолација.