За Александар Македонски и помирувањето со своите антички Македонци

Од списите за Александар Македонски

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запад, сакаше да ги отпушти своите ветерани и да ги прати дома. Тоа доведе до страшна сцена. Кога Александар Македонски на собранието на македонската војска му ја кажа својата одлука за праќање дома со богати подароци на оние ветерани кои поради годините или добиените рани не можеа повеќе да се борат, се јави голема лутина против кралот поради неговиот однос кон Персијците и персиските начини на однесување, а особено против воените реформи во Суса, кои изгледа им дадоа предимство на Персијците, а античките Македонци ги запоставија.

Зад оваа негова одлука, тие сомнително го насетија неговото одвојување од античките Македонци како народ кој не одговара за војна. Така, во атмосфера на отворен бунт, собранието му довикуваше дека сите треба да си одат дома и со презир додаваа дека тој може да го заземе бојното поле со својот „татко”. Од оваа алузија на Амон во никој случај не може да се заклучи дека Александар Македонски бараше од Македонците да го признаат како син на Амон. Токму затоа што идејата за син на Бога беше сосема туѓа за нив, тие погрешно го разбраа нејзиното значење и во неа видоа единствено рефлексија на нивниот поранешен крал Филип Македонски.

Cera, во момент на лут занес, нивната цел беше што е можно повеке да го навредат лично кралот, во што и ycneaja. Одвај Александар Македонски ги слушна овие зборови, со кои најсветото чувство во неговиот внатрешен живот беше јавно исмеано, кога скокна од говорницата со своите офицери меѓу побунетите и направи круг меѓу водачите, тринаесет на број, на кои покажа со прст за да бидат одведени на стрелање.

Cera Александар Македонски беше господар на ситуацијата. Бурното собрание стана многу тивко и ниеден не се осмели да рече ни збор. Во таа тишина тој повторно се качи на бината. Co тивко одбивање на искривоколченото гледање на неговото сродство со својот татко Бог, изразен во тој презирен плач, тој го започна својот говор со изразување благодарност кон својот вистински татко Филип Македонски, од кого всушност никогаш не се одрече.

am54-2

Co остри зборови ги укори војниците за нивната неблагодарност и ги потсети колку многу му должат на неговиот татко Филип Македонски, кој на почетокот ги најде како бедни овчари, облечени во овчи кожи ги пасеа своите говеда по планините, а тој ги направи владетели на Античка Грција. Потоа тој ги потсети за сé она што тој лично направи за нив, како ги направи господари на Исток и со нив ја сподели сета опасност и мака.

Но, нема да ги задржи повеќе. Тие треба сите да се вратат во Античка Македонија и да им кажат на луѓето таму дека го напуштија својот крал и не го заштитија од победените варвари. По командата дека се слободни, тој скокна од бината и се затвори во кралскиот дворец, одбивајќи да види кого и да е.

Никој не можеше да зборува со него наредниот ден. Античките Македонци беа избезумени. Тие немаа сериозна намера кога рекоа дека сакаат да го напуштат, но тој ги разбра буквално. Тие сите беа длабоко потиштени и засрамени. He знаеја што треба да прават. На третиот ден Александар Македонски наименува персиски дворјани во војската и им даде немакедонски единици, особено „епи-они”, горди имиња „персиски Агема”, „персиски кралски следбеник” и др. Уште повеќе, тој наименува неколку од персиските дворјани за „кралски луѓе”, кои според персискиот обичај имаа право да го поздрават кралот само со бакнеж.

Кога античките Македонците слушнаа за оваа противмерка, нивниот отпор беше скршен. Тие истрчаа кај замокот, го фрлија оружјето пред портата и молеа за прошка. Александар Македонски излезе од дворецот и кога ги виде своите стари другари невооружени покајнички пред него, му помина лутината и му потекоа солзи. Кога поради силната емоција не можеше да проговори, еден стар македонски офицер излезе пред него и со почит му рече дека назначувањето на Персијците за „кралски луѓе” им задало силна болка. Тогаш тој извика „Сите ве назначувам за мои кралски луѓе”, а стариот антички Македонец беше првиот кому му дозволи да го бакне.

Така беше обновен мирот меѓу кралот и неговите антички Македонци. Александар Македонски извојува целосна победа со својата незадржлива силна природа. Ги натера побунетите единици да му се покорат и дури уште повеќе ги приврза без да прави некоја отстапка. Но, сé уште отсуствуваше помирувањето помеѓу античките Македонците и Персијците, што во интерес на својата империја беше негова грлема желба.

Затоа, тој направи голема гозба за помирување. На масата античките Македонци седеа до кралот, потоа Персијците и некои водачи од други националности, како што е кажано, околу 9.000 луѓе. Гозбата започна со наздравување на Александар Македонски и на неговите гости и со полевање вино за боговите од ист пехар, a церемонијата ја водеа античките грчки пророци и персиските магионичари.

am54-3
Македонска војска

При молењето на боговите Александар Македонски ја искажа желбата дека покрај сите добри работи што се случија, сака да се направи заедништво меѓу античките Македонци и Персијците. Тој не ги откри до крај своите политички намери. Двете нации, освојувачите и освоените заминаа од гозбата во слога и здружени. Во ова тој ја виде можната потпора на иднината на Азискоатичката империја. He беа пречка ниту различните религии на двете нации за нивно политичко и културно обединување, a co тоа ги натера и античките грчки  пророци и персиските магионичари да бидат рамо до рамо.

Овој момент е многу важен во животот на Александар Македонски. Мислите што од поодамна го имаа окупирано оддеднаш му се разјаснија и ги дефинира. Неодамна, меѓутоа, надвор од оваа „молитва во Опис” се прочита исповед на братство и на хуманост, а низ стоичката доктрина се поврзува со христијанството. Овие идеи припишани на Александар Македонски нему му беа сосема туѓи.

Вистинската молитва за него беше тоа што тој сакаше да направи збратимување меѓу античките Македонци и Персијците. Воопшто нема траги дека Александар Македонски сакаше да го третира човештвото како едно братство.

По гозбата следеше отпуштање од војската на околу 10.000 ветерани, како што беше најавено порано. Последицата беше таа што бројот на старите македон-ски ветерани во војската што беа непријатели на него-вата идеја, беше намален, а тоа мора да му било мило. На секој воин при отпуштањето не само што му плати за се до неговото враќање дома, туку му даде и по еден талант повеќе.

Ги задржа децата што им ги родија азискоатичките жени со цел да ги спречи несогласува-њата што би ги имале во своите домови во Македони-ја, а им вети дека ќе ги воспитува во македонски дух, ќе ги тренира како војници, а подоцна кога младите ќе пораснат ќе ги земе со себе и ќе ги одведе кај нивните татковци во Македонија. Александар го определи Кра-тер, кој беше веднаш до него по Хефестион и беше многу популарен меѓу Македонците, да ги води вете-раните назад. На Кратер, исто така, му беше наредено да го замени Антипатер како империјален вице-крал во Европа, а Антипатер требаше да оди со нови еди-ници во логорот кај Александар.

Причина за ваквото разменување делумно беше тоа што односите помеѓу Антипатер и заповедничката Олимпија постојано беа затегнати и водеа до караници и протести од двете страни, кои беа болни за Александар како син. Имаше и друга причина: политиката на Антипатер спрема Елада, поради олигархиската обоеност, не се сложу-ваше со погледите на Александар.

И така Кратер, новиот вице-крал, беше упатен да ја согледа „слобо-дата на Грците”, фраза која несомнено одговара на клаузулата за слободата според заветот на Лигата. Така, додека одлуката за прогонетите предизвикуваше вознемиреност во Грција, Александар како хегемон го зазеде стојалиштето за одржување на заветот.

Александар и неговата војска заминаа од Опис преку планината Загрос во Екбатана. Изворите не кажуваат ништо во врска со некои преземени мерки на владеење во текот на неколкуте месеци во резиденци-јата на медијскиот главен град. Во споредба со голе-мата активност што Александар ја манифестираше веднаш по доаѓањето во Вавилон во пролетта на 323 година, овие месеци во Екбатана беа како затишје пред бура. Секако, неговата програма беше определена и готова кога се појави во Вавилон.

Затоа може да се претпостави дека неговите идни планови беа дефини-тивно определени во Екбатана, а и како обично пред тоа новите акции беа добро и внимателно подготвува-ни. Таков беше случајот и по долгиот и мирен престој во Суса.

am54-4

Каква беше природата на овие планови? Co враќањето во Суса, Александар Македонски можеше да го смета освојувањето на Азија целосно завршено, иако некои региони во северна Мала Азија се уште не беа покорени. Неговиот индиски поход покажа дека не можеше да се задоволи со освојување на Ахеменидската империја, туку беше поттикнат не само со желбата за освојување, туку и за научни откритија, за да втаса до најдалечната граница на населениот свет.

Иако беше приморан да застане на Хифас и не можеше да ја постигне својата цел – океанот, сепак патувањето по реката Инд го доведе до Индискиот Океан, што го натера Неарх да воспостави врска меѓу делтата на Инд и утоката на реките Еуфрат и Тигар, со што ја определи јужната граница на Азија.

Ова откритие сега требаше да се искористи за трговски цели на империјата, посебно со населувањето на овие морски брегови, особено оние на Персискиот Залив, поим што од поодамна му се вртеше во главата, како што покажаа упатствијата што му ги даде на Неарх.

Меѓутоа, во меѓувреме се појавија нови проблеми во немирниот дух на Александар Македонски. Спротивниот брег на Арабија беше сé уште неиспитан, а формата на земјата беше неопределена. Дали можеби беше возможно да го пронајде патот околу Арабија до Египет и да воспостави морска врска меѓу Вавилон и Александрија?

Големи перспективи за интеркомуникација и трговија се отворија пред него. Големи предности се очекуваа на географски план за океанот и за светот. Веднаш штом се врати во Вавилон, Александар Македонски прати експедиција да ја обиколи Арабија по море. Границите на Ахеменидската империја беа значително поголеми од очекувањата.

Продолжува