Соопштение за оставката на Н.Коsијас

Почитувани,

Оставката на Коsијас е апсолутен доказ дека Договорот Заев-Ципрас повеќе НЕ ПОСТОИ! Надежта која немакедонската Влада се обидува да ја наметне кај Македонскиот народ, дека велепредавството е билет за експресна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, се покажа дека е обична илузија! Ципрас ќе биде и Премиер и Министер за надворешни работи само за да продолжи уште некое време ја лаже меѓународната заедница дека неговата Влада навистина се уште може и сака да го реши спорот за името и со тоа да ја држи топката и притисокот во Македонскиот двор. Провидна и веќе 100 патти видена Грчка дипломатска игра!

Македонската Алијанса со месеци предупредува дека не постои расположение во Грција да се ратификува и имплементира Договорот Заев – Ципрас. Повеќе децениското искуство од уцените, заканите, блокадите и ирационалните услови на различните политички раководства во Грција потврдува дека мнозинството нивни партии не отстапуваат од средновековните позиции дека според нив ние не смее да го користиме името Македонија во никаква форма, дека тие никогаш нема да го признаат постоењето на Македонскиот народ без разлика каква меѓународна обврска ќе преземат. Не случајно Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг за противправното вето на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 што беше директно и брутално кршење на Времената Спогодба кои исто така ја потпишаа во 1995.

ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДЕБАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ТРЕБА ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ. ИГНОРИРАЊЕТО НА НАРОДНАТА ВОЉА Е ТЕЖОК ГРЕВ. ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА НЕВИДЕН ПРИТИСОК ДА ИЗГЛАСААТ НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ ВО РЕАЛНОСТА!

НАШИТЕ МЕЃУНАРОДНИ СОЈУЗНИЦИ ИМААТ МЕХАНИЗАМ ЗА ЕКСПРЕСНА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО АЛИЈАНСАТА. ОФИЦИЈАЛНА АТИНА КОНЕЧНО МОРА ДА ЈА ИСПОЧИТУВА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА И ХАШКАТА ПРЕСУДА И ДА ДОЗВОЛИ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН НА НАТО!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА