Почитувани,
Македонскиот народ гледа и слуша и точно проценува кој не ја есапи неговата воља! Македонскиот народ е единствениот суверен владетел со Уставните атрибути на Државата, Македонското име и идентитет! На 30-ти септември на Заев, Димитров и Шекеринска им го врачи одговорот за нивното велепредавство!
УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЗА НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! ПРЕСТАНЕТЕ СО ФАРСАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ! НЕ ГО ИРИТИРАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
Дури и претседателот на немакедонската Влада е свесен што мисли Македонскиот народ за неговиот кукавички чин. Не случајно призна пред пратениците дека референдумот е неуспешен! Кој од пратениците сега ќе се дрзне да гласа за Уставните измени? Зарем може со уценети, поткупени, исплашени пратеници да се силува Македонскиот народ? Дали избраниците на Македонскиот народ ги слушаат уцените на Касами и Села за изедначување на Македонскиот и Албанскиот народ? Нели Законот за двојазичност беше последното нивно барање со кое наводно целосно се заокружувал Охридскиот Рамковен Договор? Што е следно, Ахмети тркајќи се со Села и Касами ќе побара бинационална надворешна политика? За такви ли Европски вредности ќе гласаат? НЕ, НЕ, ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МНОГУ СЕ ЛАЖАТ! И ТЕНКОВИ НА УЛИЦИТЕ ДА ИЗВАДАТ, БАДИЈАЛА Е!
Договорот Заев – Ципрас веќе не постои! Панос Каменос среде Вашингтон на средба со Вес Мичел бара алтернативни решенија за Балкански безбедносен коридор кој ќе го спречи Руското влијание во регионот. Тоа е новата реалност.
ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ РАЗВЛАСТЕНИ! СЕГА ИМ СЛЕДУВА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ БИДЕ КАДАРНА ДА ПРЕГОВАРА СО ЕУ СО ОДБРАНЕТИ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА