Лин Лисјен: Одиме кон, уште поуспешна заедничка иднина во кинеско-македонските односи

 Златниот октомври е најпрекрасниот период во Скопје, а исто така и во Пекинг. Во овој момент кога се собираат плодовите, одбележуваме 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓуН.Р. Кина и Р. Македонија.

И покрај тоа што Кина и Македонија се наоѓаат на два различни континенти и има илјадници планини и реки помеѓу нив, пријателството на двата народа е длабоко и традиционално. Веднаш по 1991 година, кога Република Македонија ја прогласи својата независност, меѓу двете земји се воспоставија дипломатски односи и од тогаш започнува нова ера на обостраната пријателска размена и соработка.

Во текот на изминативе 25 години, особено од почетокот на 21 век, развојот на кинеско-македонските билатерални односи бележи континуиран нагорен тренд. Државните раководства придаваат големо значење на обостраните односи и со интензивна размена на посети на сите нивоа, посочуваат правилна насока на идниот развој на билатералните односи. Односите помеѓу двете земји се темелат на меѓусебна почит, правичност и искрена соработка. Базирајќи се на ова, политичката доверба помеѓу двете земји постојано се продлабочува, културните и образовните размени меѓу двете земји се зачестени, економската и трговската соработка се стабилизира, а со заемна поддршка и помош на двете земји се реализираат и широк круг на меѓународни дејствија.

Радува фактот што се повеќе и повеќе се интензивира размена и соработка на разни сфери во сите нивоа. Во изминативе години речиси секоја година стотици македонски пријатели заминуваат во Кина на различни обуки. До овој момент, вкупно 1000 луѓе учеле кинески јазик во Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а претходната година, се надмина бројката од над 10 илјади кинески туристи, коишто ја посетиле Македонија. Со продлабочувањето на билатералните односи, се повеќе кинески и македонски градови потпишаа договори за меѓусебно збратимување:меѓу Скопје и град Нанчан, Охрид и Далиен, Кочани и Уши, Битола и Нингбо, Општина Центар на Скопје и Општина Сичен на Пекинг. Освен ова, институциите на културата и уметноста на двете земји бележат директни контакти и често се посетуваат меѓусебно. Секоја година, во Македонија доаѓа уметничка група и се одржуваат претстави по повод чествување на кинескиот традиционален празник – Празникот на пролетта, а кон крајот на годинава, за првпат, Македонската филхармонија ќе одржи концерти низ цела Кина. Значајно е и тоа што, Македонија е меѓу првите земји од балканскиот регион, која ја вклучува кинеската традиционална медицина во државниот медицински и здравствен систем и како резултат на ова, Центарот за кинеска медицина има можност да им помага на локалните жители , што наидува на одобрение од јавноста.

Врз принципите на вин-вин соработката, двете земји постигнаа заеднички успеси и изградија одлична соработка. Од 2012 година до денес Кина станува најголемиот трговски партнер на Македонија надвор од Европа, разновидноста на трговијата исто така станува се побогата. На масите на Кинезите се појавува македонско вино, квалитетниот мермер од Македонија е оценет високо од кинеските корисници. А по македонските пруги, се возат кинески електрични локомотиви. Освен ова, со изградбата на Кинеско-Европски Копнено-Поморски Експресен Пат, возовите, натоварeни со кинески стоки, ја минуваат Македонија и заминуваат за другите земји во Европа. Се зголемува искористеноста на македонските железнички линии, и oд еднаш седмично има превоз дури до седумнаест пати седмично, што е значително зголемување на транспортот. А во иднина, низ македонските планини и рамнини, ќе поминуваат автопатите Миладиновци-Штип и Kичево-Oхрид. Сето тоа ја докажува вистинската корист и благосостојбата за двата народа и двете држави.

Во рамките на соработката на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа(16+1), се вбројува и продлабочувањето на заемната соработка помеѓу двете земји. Во март годинава во Скопје беше отворен Координативен центар за културна соработка меѓу Н.Р.Кина и земјите од Средна и Источна Европа. На крајот на октомври, Скопје ќе биде домаќин на 5-тиот Симпозиум на Тинк Танк на највисоко ниво меѓу Кина и земјите од Средна и Источна Европа. Идната година, во Р. Македонија ќе се одржи и 4-тиот Форум на министрите за културната соработка меѓу Н. Р. Кина и средноисточните европски земји. Иницијативата 16+1, за 17-те земји, вклучувајќи ги и Н. Р. Кина и Р. Македонија, е создадена не само отворена, туку и инклузивна и општо прифатена платформа, а во исто време овозможува и широк простор за создавање на партнерски односи меѓу земјите внатре и надвор од иницијативата.

Кога ќе погледнеме наназад на развојот на билатералните односи и успесите од двостраната соработка, искрено сме благодарни на грижата и поддршката на сите македонски пријатели од различните општествени кругови. Блиските контакти меѓу луѓето, се клучот што ги отвора вратите за соработка. Ние сме трогнати од активната и конструктивната посветеност на пријателството помеѓу двата народа, љубовта и напорите кои ги вложуваат се континуиран двигател за натамошниот развој на кинеско-македонските односи. Изразувам највисока почит кон двата народа на Кина и на Македонија.

Гледајќи во иднината, економскиот и општествениот развој на Кина, како и на Македонија се наоѓа во исклучително важен период на транзиција, и на двете земји им претстојат заеднички предизвици – продлабочување на реформата, подобрување на начинот на развојот, и подобрување на животниот стандард на народот. Убедена сум дека на 25 годишниот јубилеј ќе гледаме како на нов почеток, добро  ќе ги искористиме важните можности од иницијативата Еден пат, еден појас и соработката 16+1 и со заеднички напори ќе откриеме нов потенцијал за идна соработка. Ќе ја продолжиме вин-вин соработката, а заедничките успеси ќе донесат благосостојба за сите нас, со цел да ги унапредиме кинеско-македонските односи на уште повисоко ниво, и од интерес на двата народа да ја реализираме желбата за уште подобар живот!

Да живее пријателството помеѓу кинескиот и македонскиот народ!