Гласањето за имплементација на Преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.
Пратениците треба да расправаат отворено, да ги соочат различните ставови и аргументи и без емоции да донесат разумна и мудра одлука.
Силната партизација на референдумот и поделбите по партиска, етничка и верска основа, не доведе до пред колапс и дваесет и осум годишната работа на сите граѓани и влади, да биде залудна и да не врати во Балканската кал.
Пратениците се пред огромен предизвик, бидејќи тие со дигање на два прста одлучуваат дали ќе ја срушат Македонија или ќе покажат лидерство и ќе ја стават на вистинскиот колосек.
Само “ЗА” значи стабилност, безбедност и опстојување на држава во која ќе може пристојно да се живее.
Алтернативата е неизвесност и држава без народ, млади и иднина.
Затоа Ве повикуваме без двоумење, направете го тој “мал чекор “, но со огромна големина за Македонија.