Заев: Остануваме на проекцијата од 3,2 проценти раст

Немаме никакви причини да се откажеме од проекциите затоа што имаме раст во второто полугодие и го очекуваме растот во третото полугодие. Остануваме на проекцијата од 3,2 проценти раст и ги имаме сите практични причини за тоа, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја денеска објавената проекција за економскиот раст на Македонија во есенскиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

– Меѓународните институции, кога се јавуваат ретроградни процеси, како сега дали ќе се гласа или не, се песимистички ориентирани во своите коментари. Кога целото општество би било заеднички сплотено и давало оптимизам, тогаш и тие би давале оптимистички пораки. Така што остануваме на проекциите од 3,2 проценти раст, рече премиерот Заев на новинарско прашање по учеството на  дебатата „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018. 

ММФ во есенскиот извештај прогнозира раст на македонската економија од 1,6 отсто за годинава, а во 2019-та од 2,6 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *