Карпушин: Русија не се меша во Македонија, но земјата не треба да се брза во НАТО

Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО.

Сметам, додава тој, дека е праведено прашањето за името на Македонија, нејзиното членство во НАТО и во ЕУ да биде во рацете на македонскиот народ.

Дури и ако биде решено во Парламентот, според Корпушин, тоа би можело да доведе до подлабока поделба на македонскиот народ.

– Што се однесува до можното мешање на Русија во прашања од ваква посебна важност, тоа се едноставно тоа се неосновани гласини, бидејќи Русија нема причина да дејствува така. Убедени сме дека прашањата ќе бидат решени врз основа на слободната волја на народот. Русија не е против членството на која било земја во ЕУ, било да е Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Доколку тоа е волја на народот на земјата, зошто да не, тие се слободни во донесувањето на нивните одлуки, рече Карпушин.

Рускиот диполомат искажува оптимизам за односите со Албанија.

– Обемот на трговијата во земјоделството постојано расте, особено во последните четири години. Толку продуктивни и ефективни односи со Албанија сакаме во сите аспекти. Позитивни чекори постојат, се планира средба на копретседателите на руско-албанската меѓувладина комисија, а в година можна е средба и на меѓувладината комисија, посочи рускиот амбасадор во Тирана.