Седници на две собраниски комисии

Седници денеска ќе одржат две собраниски комисии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за надворешни работи.

На дневен ред на седницата за Комисијата за земјоделство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати, во прво читање.

На седницата на Комисијата за надворешна политика планиран е завршен разговор со Габриел Атанасов пред неговот стапување на должност, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Романија.