Франција очекува да продолжи реализацијата на Договорот од Преспа

Портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил го поздрави фактот што мнозинството од гласачите на референдумот се изјасниле за Договорот со Грција и очекува Собранието да се произнесе за уставните амандмани.

– Гласачкото тело на Поранешната Југословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од излезените гласачи искажаа поддршка за Спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон Атлантската алијанса и Европската унија. Сега Парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот, вели Мил во изјавата што ја пренесе Амбасадата на Франција во Скопје.

Според Мил, Спогодбата од Преспа е добра како за земјата, така и за регионот и за Европа.