Сојузот на спортови на Скопје, ги додели наградите за најдобрите спортисти за годинава која што изминува. Очекувано, најмногу награди заминаа во рацете на РК Вардар.
За најдобар спортист на Скопје, за минатава сезона е прогласен ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов. Веднаш зад него на второто место е Дејан Георгиевски (теквондо) и Евгениј Поп Ацев (пливање). Меѓу десетмината првопласирани влегоа и: Дејан Недев (трад. карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика).
За најдобар странски спортист е прогласен Арпад Штербик (РК Вардар) а за најдобарв тренер Раул Гонзалес (Рк Вардар). Воедно за најдобра екипа е прогласена машката екипа на РК Вардар која оваа сезона се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал во ЛШ.
Најдобар клуб во женска конкуренција е РК Вардар.
За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски (карате, Макпетрол), пред мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), МИла Саздовска (трад. карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз).