Претседателот на опозициското Движење на слободни граѓани Саша Јанковиќ, испрати порака за поддршка до македонскиот премиер Зоран Заев, со апел да продолжи со напорите за решавање на клучните прашања и со модернизација на Македонија.
– Убеден сум дека ќе најдете сила и начин за да ја продолжите и спроведедете, на демократски начин, политиката за решавање на наследените проблеми, со храбри политички исчекори и со јасна визија за современа Македонија, порача Јанковиќ во пораката, јави дописникот на МИА.
Тој додаде дека Србија и Македонија не можат да бидат добро место за живеење без политичка храброст и упорност.