Анѓушев во Белград на седмиот Самит на 100 бизнис лидери во ЈИЕ

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на покана на организаторот, учествува на дводневниот саедми Самит на 100 бизнис лидери во Југоисточна Европа насловен „Дигитален скок за квантен раст“ што денеска почнува во Белград.

На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго.

Вицепремиерот Анѓушев денеска ќе биде дел од панел дискусијата „Кои резултати ќе направат вистинска разлика за регионот?“, а утре заедно со потпретседателот на српската Влада Расим Љајиќ, ќе се обрати на панелот „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар“.

Главна тема на самитот се очекува да биде и како да се искористи четвртата индустриска револуција како отскочна даска и на тој начин да се направи „квантен“ скок до развиениот и глобално конкурентниот регион.