БЕНИТЕЗ НА РАБОТ НА ОТКАЗОТ

Рафаел Бенитез ги троши последните кредити на клупата на Њукасл. Клубот е во длабока резултатска криза. На последните девет натпревари освои само еден бод, што е помалку и од најскромните очекувања на раководството. Рафа Бенитез се стекна со голем кредит откако реши да остане во Њукасл и покрај испаѓањето во Чемпионшип лигата од каде експресно го врати во Премиерлигата, но сега резултатите се нешто сосема поинакви од тоа што се очекуваше.

-Учиме од секој пораз, но би требало да учиме побрзо. Во Премиерлигата е битно да се собираат бодови, а ние тоа не го правиме – реше Бенитез.

Во зимскиот преоден рок Њукасл влегува со амбиции да донесе звучни засилувања, како Икер Касиљас, Фернандо Торес и Енди Керол.