Почитувани,
Бараме, Заев, Димитров и Шекеринска веднаш да му одговорат на Македонскиот народ дали е точно дека сите анкети, изведени од различни агенции за испитување на јавното мислење, по нивна нарачка, им потврдиле дека на 30-ти септември референдумот нема да успее? Дури и најоптимистичките сценарија, им даваат прогноза, дека со сите притисоци и ветувања, максимум 680 000 гласачи во недела ќе излезат на референдумот? Дека немакедонската Влада е свесна за дебаклот што следи потврдува и прес конференцијата на Димитров, кој со ставот дека „ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО, а притоа не се обезбеди потребниот цензус, тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во Собранието“, всушност признава дека референдумот ќе пропадне.
БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ МОРА ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ!
Последните денови од референдумската кампања изродите на Македонскиот народ ќе ги искористат за да коваат план како да ги наполнат гласачките кутии во недела! И покрај предупредувањата на дел од Албанскиот фактор дека евентуален фалсификат на референдумот ќе предизвика длабока политичка криза, предавниците, уценети и уплашени, сакаат по секоја цена да се обидат на сила да го исполнат цензусот. Немакедонската Влада нема намера да ја послуша волјата на граѓаните. Тие решиле да ја разнебитат нашата Татковина, да го продадат светото Македонско име, да ни ги избришат историските корени, нашето културно наследство, нашиот јазик, нашето огниште. Не смееме да им дозволиме во недела ЛАЖНО И СО ГРУБ ФАЛСИФИКАТ да гласаат во наше име! Ќе го игнорираме референдумот, ама ќе бидеме будни!
ПРЕДАВНИЦИ, ТОА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! МОЛКОТ ПОНЕКОГАШ Е ПОГЛАСЕН ЗБОРОВИТЕ!
Драги сонародници, ајде да покажеме која е нашата сила, ајде да покажеме дека доколку некој посегне по нашата мила мајка Македонија и Македонскиот идентитет, ќе се изгори! Јасно да им порачаме:
ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ВИ ПОМИНУВА! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ГИ НАПОЛНИ КУТИИТЕ НА 30-ТИ СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗВАДИ НА УЛИЦИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА!
БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСАg