Поранешниот фудбалер на Арсенал, чехот Томаш Росицки, на прес конференција соопшти дека и става крај на својата професионална фудбалска кариера. Како образложение за овој потег, Росицки рече дека не сака повеќе да го изложува своето тело на максимални физички напори кои ги побарува модерниот фудбал и дека причина за тоа се многубројните повреди кои ги имал во текот на кариерата.
-Имав прекрасна фудбалска кариера. Го сакам овој спорт и ако треба повторно да бирам по кој пат би одел би го избрал истиот. Сепак сите тие тешки повреди што ги имав во текот на кариерата ме спречуваат да го дадам максимумот. затоа сметам дека е време да ставам крај на кариерата.-изјави Росицки.
Во последните две сезони, Росицки го носеше дресот на Спарта од Прага, клуб каде ја започна кариерата. Инаку претходно настапуваше за Борусија Дортмунд, од каде што 2009 година за сума од 9 милиони фунти премина во редовите на Арсенал. За “топчиите” одигра 248 натпревари и постигна 29 погодоци, но треба да се напомене дека имаше најмалку уште толку асистенции.
За репрезентацијата на Чешка настапи 105 пати и постигна 25 гола.