Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград , Рут Карис Стуарт.
Како што соопшти МНР, Димитров ѝ посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Стуарт и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова, уште поинтензивна динаника.
– Беше констатирано дека билатералните односи изминатите години се развиваат во нагорна линија и беа разгледани претстојните активности во поглед на засилување на политичкиот дијалог и можностите за унапредување на економската соработка, се наведува во соопштението.
Амбасадорката Стуарт, се посочува, искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските релации меѓу Република Македонија и Австралија преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.