Мицкоски-Трент: Интeграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучен фактор за стабилност во нашиот регион

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трент и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелната политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и референдум за договорот со Грција.

Мицкоски го потенцираше ставот дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Италијанската Република и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.

Соговорниците се согласија дека интeграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на спроведување на реформите кои ќе помогнат во остварување на тие цели.