Македонија домаќин на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Од 18 до 20 септември, Македонија ќе биде домаќин на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод 10 годишнината од нејзиното формирање. ЛИБСЕЕН е основана во 2008 година во Скопје како иницијатива за собирање либерални политички партии во регионот и придонесува кон развојот на регионот преку спроведување либерални политики во политичките системи на овие земји.

На овој форум, на кој домаќин е Либерално Демократската Партија, ќе присуствуваат голем број на лидери и претставници како претседателот на Алијансата на Либералите и Демократите во Европа (АЛДЕ) Ханс ван Баален, претседателот на ЛИБСЕЕН Роман Јаќич, претседателот на либерално демократската партија на Србија Чедомир Јовановиќ, поранешната претседателка на владата на Словенија Аленка Братушек, како и други претставници од Европа. Исто така на форумот свое присуство ќе имаат и Министерот за надворешни работи на Македнија Никола Димитров, заменик претседателот на владата Бујар Османи, како и претседателот на ЛДП и пратеник Горан Милевски кој е и домаќин на настанот.

На три дневниот форум ќе се дискутира за 10 годишната соработка на земјите од регионот и перспективите на либерализмот, како и забрзувањето на интегративните процеси на земјите од ЈИЕ во НАТО и ЕУ: приоритет, политика, имплементација, интеграција. Учесниците на форумот ќе се сретнат со премиерот на Република Македонија Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Форумот ќе се оддржи до хотелто Александар Палас.

Имено за прв претседател на ЛИСБЕЕН беше избрана Весна Пусиќ во Скопје во 2008 година. Мрежата има за цел да работи на решавање на социјалните, политичките и еколошките проблеми на регионот. Важна цел е да се развие мултинационален дијалог, меѓурелигиски дијалог и почитување на човековите права. Сето ова е голем товар за регионот со векови и причина за многу конфликти. Една од главните цели на мрежата е членството во ЕУ во сите земји во овој регион, што би значело конечна интеграција на Европа.