Почитувани,
Колку и да се труди оваа немакедонска Влада да ги скрие фактите кои потврдуваат дека Преспанскиот договор е само алатка со која Грција си ги зајакнува своите позиции и позициите на сите оние кои сакаат да ја разнебитат нашата држава, вистината пополека излегува на виделина.
Изјавата на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, е само уште еден доказ зошто промената на името и целосно спроведување на овој договор е погубно за Македонскиот народ. Тој без никакви задршки го објаснува ставот на неговата влада со кој јасно се дава до знаење дека дури и доколку Грција не не попречи во нашите евроатлански интеграции, тоа ќе го направи Бугарија ако рашиме да се ословуваме како Македонци кои го говорат Македонскиот јазик.
Попусто беше и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија со кој само ја негиравме и преиспишавме нашата историја.
ПРЕДАВСТВО ДО ПРЕДАВСТВО!
Зарем не и е доволно на оваа предавничка влада? Зарем Заев, Димитров и Шекеринска немаат никакво чувство на родољубие? Зарем немаат срам од нашите предци кои се бореа за оваа исконска земја, за овој исконски народ?
ОСТАВКА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА!
Браќа и сестри Македонци еве на дело да се уверите дека предавничкиот договор не гарантира ништо како и договорот за добрососедство. Заев, Димитров и Шекеринска решиле сами да си ја продаваат државата. Е доста е!
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА СИ ПОИГРУВА СО МАКЕДОНИЈА!
Македонската Алијанса уште еднаш повикува на сплотеност и разум, да не се излезе на 30ти септември, да не се поддржи ништо што го нуди оваа немакедонска и предавничка Влада. Бараме избори и нова Влада која ќе знае како се бранат Македонските национални интереси.
ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКА И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА