Писмена реакција за ставот на Стево Пендаровски

Почитувани,

Пропаднатиот Претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, несмасно ја кажа вистината. Велепредавството на неговите претпоставени Заев, Димитров и Шекеринска ја брише придавката „Македонски“ за навек. Шарени лаги се тврдењата дека со Договорот Заев – Ципрас го бетонира Македонскиот идентитет. Пендаровски за „Само вистина“ потврди колку актуелната немакедонска Влада ги распродава Македонските национални интереси. Замислете, Македонија зошто не била Држава само на Македонците, туку и на другите заедници, морала да се откаже од сопствениот идентитет и историски корени. Албанците не се согласувале да има Македонска армија, Македонски театар зошто наводно, според Пендаровски, тоа било исклучив пристап.

ВИЕ СТЕ НЕВИДЕН СРАМ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! ЗА ГОЛА ВЛАСТ, ФОТЕЉИ И ПРИВИЛЕГИИ ГО РАСПРОДАВАТЕ НАЈСВЕТОТО!

Кога некој од СДСМ ќе го отвори прашањето зошто на ниту еден настан организиран од ДУИ, ДПА, БЕСА или Алијансата на Албанците, веќе со децении го нема Македонското знаме? Зошто никој не го отвора прашањето на уцената на Али Ахмети за амнестија на Хашките случаи, двојазичност и бадинтерово гласање во 2007, во пресрет на НАТО Самитот во Букурешт? Зошто Заев, Димитров и Шекеринска конечно не признаат дека се уценети и принудени да ја спроведат и Тиранската платформа и да склучат капитулански договори со Грција и Бугарија?

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО ПЛАШИТЕ НАРОДОТ! МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОПСТОИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОМИНАЛ И ПОСТРАШНИ ИСТОРИСКИ ПРЕМРЕЖЈА!

Заев може да бара од приватните стопанственици со плус плата да се обидуваат да ги поткупат своите вработени, може да подели плус плата во своите семејни фирми, може да подели плус плата и на целата Државна администрација, бадијала му е!Македонскиот народ одамна веќе го одби неговото велепредавство!

Браќа и сестри Македонци,

Дали гледате што се случува? Не остана политичар што ја брани Македонската нација. Остана на нас Македонскиот народ да застанеме на браникот да ја зачуваме нашата мајка Македонија и ние да ја одбереме нашата иднина.

ИДНИНАТА Е ВО НАШИ РАЦЕ!

ЕДИНСТВЕН СПАС Е БОЈКОТ!

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! БАРАМЕ ОСТАВКИ И НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА! СО НОВА ВЛАДА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО И ПОЛИТИЧКИ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА