Завршна конференција на проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија

Завршна конференција на која ќе бидат сумирани резултатите од шестгодишниот проект на УСАИД за микро и мали претпријатија ќе се одржи денеска во Скопје.

Воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени и сертификати за учесниците кои успешно ги завршиле менаџерските програми во рамките на проектот.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија е ко-финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и обезбеди едукативни програми за претприемачи, поддржи интервенции во компании за подобрување на квалитетот на нивното работење, прилагодување на услугите и производите на потребите на пазарот и за олеснување на пристапот на компаниите до странски пазари и до финансии.