Почитувани,
Кога Албанските политички партии ќе престанат да ја доживуваат Македонија како нивни плен? Има ли некој во немакедонската Влада кој ќе собере храброст и ќе каже АМАН ДОСТА Е!
Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Беса на Биљал Касами ја почнаа кампањата за референдумот со директна уцена. Уставни измени се можни само ако се прифатила нивната уцена за целосно изедначување на Албанскиот и Македонскиот народ! Безредие и хаос! Кој ќе стигне го понижува Македонскиот народ!
Каде се Заев, Димитров и Шекеринска да реагираат? Каде е ДУИ да излезе со осуда на ваквиот став? Нели Законот за двојазичност беше последното нивно барање со кое наводно целосно се заокружувал Охридскиот Рамковен Договор? Ова ли се ЕУ и НАТО вредности?
Срамно е што Албанскиот политички фактор ги потценува нашите сограѓани Албанци. И нив им е доста од старата реторика типична за 90-те години од минатиот век.
Зијадин Села ќе може да изнесува вакви радикални барања тогаш кога ќе поднесе иницијатива за одржување на законски и регуларен попис, кога ќе побара од Владата на Република Албанија да го признае Уставното име на Република Македонија и кога ќе побара изедначување на Македонците и Албанците во Република Албанија.
БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!
Македонскиот народ никогаш нема да го прифати велепредавството на Заев, Димитров и Шеќеринска. Тие се уценети и неспособни да ги заштитат Македонските национални интереси. Дури и да ги наполнат гласачките кутии не можат да спроведат Уставни измени. Тврдењето дека капитулантскиот договор е гаранција за експресна Евроатланска интеграција на Македонија е лага.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА