Мисајловски: СДСМ не може да не однесе во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ повторно е меѓу граѓаните, како што најавивме, повторно сме на терен.

Денеска имаме можност да бидеме во Чучер Сандево да разговараме со граѓаните, да направиме средби и со нашите општински комитети, не само тука, насекаде во Република Македонија и да го слушнеме нивното мислење,  односно граѓаните да кажат што точно ги засега од политичката ситуација кои реформи се најмногу потребни за нив и кои проблеми се оние кои што навистина ги засегаат.

Можеме секаде да слушнеме дека оваа влада на чело со Зоран Заев не прави апсолутно ништо во никој домен. Односно оваа тендер влада најмногу ја засега како да ги наместат тендерите, како да направат нови фирми за десетина дена да добијат нови тендери, како да ги поделат парите на граѓаните меѓу нив, односно се зацртани како да ја украдат Македонија. Може да видиме дека со нивни едни празни фрази, кои повторно и секојдневно викаат дека се за Европска Унија, но не може да видиме европски принципи. Не можеме да видим морални принципи.

Овие луѓе не можат да не однесат во Европската Унија и во НАТО. Нас ни требаат темелни реформи, граѓаните тоа го заслужуваа. Затоа ние ќе бидеме постојано со граѓаните ќе го слушнеме нивниот глас и тоа ќе ни биде навигација во наредниот период. Секогаш тоа ни било, но ќе останеме на таа трака. Она што граѓаните најмногу ќе ги засега, тоа ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе го работи, ќе го прави. Ние во овој момент ќе правиме и огромна програма за она што навистина граѓаните ги засега и ќе излеземе со решение за граѓаните.

Гледаме дека оваа влада за жал ја тоне Република Македонија на секое поле. Мора оваа влада да си замине што побргу, реформи очекуваат сите граѓани, но за жал може да видиме дека секој ден го допираме дното.