Џонсон: Клучно е да се финализира Договорот од Преспа за да одите напред

Од клучно значење е да се финализира договорот за да одите напред, вели американскиот сенатор Рос Џонсон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Џонсон вели дека Договорот од Преспа е разумен и потребен и за двете страни и потенцира дека навистина „ја цени политичката храброст од двете страни“.

– Мислам дека секако ќе помогне за стабилноста на регионот. Разбирам дека станува збор за чувствително прашање. Луѓето се горди на нивното наследство, на името и од двете страни. Мислам дека е многу разумен договор. Мислам дека беше потребна политичка храброст и од политичките лидери на двете земји, вели сенаторот Џонсон, кој изминатиот викенд беше на Меѓународниот саем во Солун.