Формиран Заеднички комитет за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.

Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за формирањето на заедничкиот комитет соопштија и од Министерството за надворешни работи на Грција. Исто како и од македонска, така и од грчка страна ќе има седум члена, а претседател е заменик-министерот за надворешни работи Маркос Боларис.

Како што информира денеска Министерството за надворешни работи, овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни 2018 г. (Спогодбата од Преспа).