Ахмети-Хелбах: Германија е коавтор на нашиот евроатлантски успех

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска имаше работен состанок со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, Христијан Хелбах и германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих.

На средбата, соговорниците дискутираа околу референдумот, спроведувањето на уставните измени, реформите и регионалните случувања.

Ахмети му се заблагодари на Хелбах за големата германска поддршка за успехот на Договорот од Преспа и евроатланската интеграција на Македонија.

Лидерот на ДУИ истакна дека штабот на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември е во целосна  функција на успехот и дека секој ден се структуираат на терен.

Ахмети истакна дека огромното мнозинство на граѓаните од сите заедници во земјата ја подржуваат интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ и дека очекува успешен референдум.

Г. Ахмети повторно ја повика македонската и албанската опозиција да му се придружат на евроатланскиот пат и без двоумења да ги подржат напорите за реализација на неопходните чекори, референдумот и уставните измени.

Г. Ахмети ја поздрави посетата на Канцеларката Меркел и истакна дека успехот во однос на интеграцијата и демократизацијата на општеството се заеднички успех на домашните сили и меѓународната заедница.