Ременски: Со реформата на следење комуникации мора да има реформа во судската фела

Кога станува збор за реформата на следење комуникации мора да се има предвид дека СЈО се уште води постапки во суд и истрага за незаконското уништување опрема во МВР, рече Фросина Ременски, член на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање во вечерашната дебата на „Топ тема“.

Според Ременски, во овој контекст, не смее да се занемарат и факторот-човек зашто системот го управуваат луѓе, но не помалку значаен е и опеарторот, односно неговата одговорност.

– Паралелно со реформата на следење комуникации мора да има реформа во судската фела која беше анемична изминативе години, истакна Ременски.