Мицковски – Пејџ: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за Договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата вчера имаше средба со Ендру Пејџ, директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, соопшти партиската прес-служба.

На средбата се нагласени добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија, како и потребата од нивно натамошно продлабочување.

– Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта. Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот, се наведува во соопштението.