ВМРО-ДПМНЕ: Кај Пендаровски можеме да видиме само неспособност и анти државно однесување

Стево Пендаровски без срам и перде им говори на граѓаните за евроатланска интеграција кога неговите пријатели од Владата на Заев прават невиден грабеж на својот народ и својата нација. Нема ден да помине а да не излезе скандал за криминал или корупција од највисоки функционери на власта. Овие вредности не се ни афрички, а уште помалку европски. Толку од капацитетот и вредносниот систем на криминалниот картел на власта. Лажат и крадат кај ќе стигнат.

Патем Пендаровски со кој образ му се обраќа на својот народ и го повикува на референдум кога пред 4 години ги нарекуваше стока, а потоа и овци.

Од екипата која ја преставува Пендаровски можеме да видиме само неспособност и анти државно однесување. Единствено за кое се способни организирано да го прават е да вршат манипулирање, лажење и крадење на својот народ и својата држава.

Пендаровски и криминалниот картел секој ден го слушаат гласното НЕ од народот за нивните погрешни и штетни политики. Затоа се затвораат во кругови од десетина партиски послушници да им ги повторуваат истите лаги.

Тие се свесни дека народот ги прочита како буквар. Тие се свесни дека народот ќе победи, дека Македонија ќе победи!