Соопштение за јавност за изјавата на Зоран Заев

Почитувани,

Слушнавме како Премиерот Зоран Заев повтори дека ќе си замине од функцијата ако не успее референдумот. Според него Македонија ќе немала перспектива ако не помине неговото велепредавство. Нека му е со среќа! Македонската Алијанса им порачува на Заев, Димитров и Шекеринска да не чекаат туку ВЕДНАШ да си заминат. Нивниот кукавичлак е одамна веќе одбиен. Уште од сега е јасно дека Македонците гласно велат НЕ за промена на Уставното име, велат НЕ за двојната формула за идентитетот според која ние сме и „северномакедонци“, велат НЕ за ревидирањето на Македонската историја и велат НЕ за откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија!

Немакедонската Влада нека не се обидува својата паника да ја пренесува на гласачите. Престанете со манипулациите и лагите! Татковината ќе ја биде и ќе има иднина и ако не биде спроведен Договорот Заев – Ципрас.  

НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ПОСТАВИ ПРЕД ЕУ И ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!

Македонскиот народ никогаш нема  да се согласи да стане безимен и без историски корени! И да бидат сигурни, дури и да ги наполнат гласачките кутии на 30 септември нема да можат да го спроведат на дело своето предавство.

Бараме една изборна единица, отворени листи, техничката Влада која ќе ја предводи искрен и чесен патриот од Дијаспората и да се организираат час поскоро предвремени парламентарни избори. Изродите на Македонскиот народ ќе мора да се соочат со сопствената политичка и кривична одговорност.

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА