АВМУ ќе расправа за одземање дозвола на телевизија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за Предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на радиодифузер.

Покрај ова, на дневен ред на седницата се и предлог-одлуки за одземање на дозволата за телевизиско емитување на радиодифузери.

Седницата, како што најавуваат од Агенцијата, ќе биде пренесувана во живо на Youtube каналот на Агенцијата.